Свет 11. декември 2019. / 11:21

Уапсени 33 лица во 11 земји: Разбиена мрежа на педофили кои снимале силување на деца и бебиња

Уапсени 33 лица во 11 земји: Разбиена мрежа на педофили кои снимале силување на деца и бебиња

Во заедничката акција на полициските сили во дури 11 држави доведе до апсење на 33 лица осомничени за малтретирање деца, прикажување, добивање и поседување порнографски материјал и искористување на малолетни лица за порнографија.

Во Шпанија се уапсени 17 лица, меѓу кои има и малолетници, кои на апликацијата „WhatsApp“ во група споделувале порнографски фотографии и видеа во кои се вклучени деца.

На некои снимки се прикажани силувањата на многу мали деца, од кои најмладите имале само неколку месеци, а најстарите имале 12 години.

Две лица се уапсени во Уругвај. Меѓу нив е и мајка која е осомничена дека сексуално ја злоставувала својата ќерка и снимала сè, а потоа и ги праќала снимките во група. Полицијата исто така уапсила маж (29), кој ги охрабрувал членовите на групата да ги „контактираат“ девојчињата и потоа да испраќаат материјали.

Шпанската полиција ја следи оваа група веќе две години, а во истрагата се вклучени „Европол“ и „Интерпол“. Покрај Шпанија и Уругвај, апсења имало и во Велика Британија, Перу, Индија, Италија, Франција, Пакистан и Сирија.