Свет 21. декември 2018. / 10:22

Уапсен терорист кој изврши масакар во редакцијата на „Шарли Ебдо”

Уапсен терорист кој изврши масакар во редакцијата на „Шарли Ебдо”

Францускиот џихадист Питер Шериф е уапсен во Џибути, каде што се криел по извршениот масакр во редакцијата на „Шарли Ебдо”. Терористот познат под името Абу Хамза се криел во Африка по извршениот напад на редакцијата на францускиот сатиричен весник „Шарли Абро“ во јануари 2015. Тој е уапсен на 16 овој месец во Џибути и чека екстрадиција во Франција.

Шериф е близок со браќата Каучи, кои го изведоа нападот на редакцијата во кој загинаа 12 лица во Париз.

Шериф бил уапсен уште 2004 во Фалуџа, Ирак , додека се борел во редовите на терористичката Ал каеда и осуден на 15 години затвор. Но, во 2007 побегнал од затворот и се приклучил кон терористичката војска во Сирија.

Потоа бил екстрадиран во Франција, но по 18 месеци во затвор побегнал и заминал да се бори во Јемен.