Свет 25. август 2018. / 22:06

Уапсен сопственикот на кинескиот хотел, во кој избувна пожар и загинаа 19 лица

Уапсен сопственикот на кинескиот хотел, во кој избувна пожар и загинаа 19 лица

Полицијата во кинескиот град Харбин го уапси сопственикот на хотелот, во кој избувна пожар и загинаа 19 лица.

Пожарот, кој избувна во четирикатната зграда во туристичкиот дел Сон Ајланд во Харбин, веќе е изгаснат.

Причината за инцидентот се уште се испитува. Спасувачката операција продолжува.

Вакви трагедии се честа појава во Кина, каде правилата за заштита од пожар никогаш не се почитуваат.