Полицијата во Велика Британија уапси 23 годишен маж од Северна Ирска заради смртта на 39 лица од Виетнам чии тела беа пронајдени во камион ладилник минатиот месец.
Од полицијата во Есекс соопштија дека мажот е приведен на автопат северозападно од Лондон, под сомнение дека учествува во криумчарење на луѓе и помагање во противзаконска имиграција, пренесува Асошиејтед прес.
Телата се пронајдени на 23 октомври во англискиот град Грејс. Полицијата соопшти дека жртвите се од Виетнам и се на возраст помеѓу 15 и 44 години. Се смета дека 31 маж и осум жени го платите крумчарењето на луѓе за незаконскиот транзит во Англија.
Британската полиција веќе го обвини 25 годишниот Морис Робинсон, возач на камионот исто така од Северна Ирска, за 39 убиства и организирање криумчарење.
Тврдат дека го возел камионот од Пурфлит во Англија, каде ја земал приколката, која пристигнала со траект од Белгија.
Во Ирска, 22 годипниот Имон Харисон соочен е со постапка за испорачување во Британија поради обвинение за убиство.
Неколку други лица уапсени се во Виетнам.