Свет 02. ноември 2018. / 13:24

Уапсен пилотот кој пијан сакал да управува со патнички авион од Лондон до Токио

Уапсен пилотот кој пијан сакал да управува со патнички авион од Лондон до Токио

Уапсен јапонскиот пилот Кацутоши Џицувава, кој пијан, со 1,89 промили во крвта, сакал да управува патнички авион од аеродромот во Лондон до Токио.

Би-би-си објави дека 42-годишниот Џицукава бил пријавен од возач на автобус кој го возел екипажот кон авионот откако почувствувал мирис на алкохол во неговата близина. Контролата веднаш му направила алкотест на Џицукава, кој потоа признал дека премногу пиел.

Џицукава беше дел од екипажот на „Боинг 777“, кој дента требаше да лета за Токио.

Авионот, сепак, полетал кон планираната дестинација, но со 69-минутно задоцнување. Законската граница за пилотите на авионите е 0,2 промили алкохол во крвта.

„Јапонија ерлајнс“ им се извини на патниците и вети дека веднаш ќе ги засили контролите за да спречат слични инциденти во иднина.