Помошникот на францускиот претседател, Емануел Макрон, задолжен за безбедност, кој тепаше демонстрант, е уапсен и се наоѓа на испитување. Според неименуван судски претставник, Александар Бенала го испитуваат по точки на потенцијално обвинение, пренесува АП.
Меѓу точките на обвинение се насилство предизвикано во група од страна на лице кое е ангажирано во јавна служба.
Макрон вчера беше критикуван зошто го задржал Бенала на работа, кој добил само казна – суспензија на две недели.
Опозициските лидери и дел од јавноста го критикуваа Макрон бидејќи сметаат дека казната за вакво однесување е преблага, откако на социјалните мрежи беше објавена видеоснимка од протестот на кој се гледа како Бенала влече една жена, а потоа тепа млад демонстрант на земјата.