Поради сомневање дека планирал исламистички бомбашки напад во подрачјето на Франкфурт, уапсен е 17-годишен тинејџер, соопштија германските обвинители.
Како што објавија од обвинителството во Франкфурт, германскиот тинејџер бил уапсен од полицијата на покраината Хесен на 1 септември и бил задржан врз основа на наредбата на судијата поради сомневање дека подготвувал сериозен акт на насилство.
Се тврди дека осомничениот имал инструкции како да направи експлозив и се обидел да набави хемикалии преку онлајн продажба.
Засега не се знае до каде биле подготовките за нападот, но за време на претресот е пронајдено помало количество хемикалии во домот на осомничениот во Флорштад, североисточно од Франкфурт.