Директорот на компанијата Ауди, Руперт Штадлер, е уапсен денеска во Германија, потврди портпаролот на Фолксваген, пренесува Ројтерс.
Штадлер е приведен во скоп на истрагата за случајот Диеселгате.
-Можеме да потврдиме дека Штадлер утринава е уапсен. Процесот за тоа дали ќе остане во притвор или не е во тек.- рекол портпаролот додаввајќи дека мора да се земе предвид пресумпцијата на невиност.
Компанијата Ауди сеуште нема излезено со соопштение за случувањата. Исто така, се чека ставот на минхенското обвинителство и на самиот директор.