Свет 02. април 2020. / 21:52

Tвитот на Трамп ја зголеми цената на нафтата на светските берзи

Tвитот на Трамп ја зголеми цената на нафтата на светските берзи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во објава на Твитер укажа дека Русија и Саудиска Арабија се пред постигнување договор околу цените на нафтата.

Тукушто разговарав со мојот пријател Мохамeд бин Солмaн, кралски престолонаследник на Саудиска Арабија, кој разговарал со претседателот Путин и се надевам и очекувам дека тие ќе скратат приближно 10 милиони барели, можеби многу повеќе, што ако се случи ќе биде одлично за индустријата за нафта и гас – напиша Трамп.

По соопштението на Трамп, цената на нафтата од типот „Брент“ се зголеми за 46 посто и на берзите постигна највисоко ниво од 36.29 долари за барел. Цената на американската лесна нафта (ВТИ) исто така порасна, но за 24.8 отстсо достигнувајќи максимални 25.67 долари за барел.

Неможноста да се постигне договор за кратење на производството на нафта меѓу Русија и Саудиска Арабија доведе до ценовна војна меѓу двете земји, со што цената на нафтата во изминатиот период достигна рекордно ниски вредност, невидена уште од 1991 година.