Твитер во средата објави дека го забранува профилот на претседателот Доналд Трамп во времетраење од 12 часа и за прв пат предупреди дека може целосно да го забрани.
Од неговиот профил синоќа беа избришани три твита во кои тој наведе за изброни измами во САД. Од компанијата соопштија дека тоа е поради кршење на правилата на мрежата.
–Побаравме отстранување на твитови @realDonaldTrump кои беа објавени претходно денеска поради повеќекратно и сериозно кршење на нашата политика за граѓански интегритет, објави Твитер. Ова значи дека профилот на @realDonaldTrump ќе биде заклучен 12 часа по отстранувањето на овие твитови. Ако твитовите не се отстранат, профилот ќе остане заклучен.
Твитер додаде дека „повредите во иднина … ќе резултираат со трајна забрана на профилот @realDonaldTrump“.
Објавата означува голема ескалација на Твитер против профилот на Трамп и одговара на повиците на групите за граѓански права Трамп да биде забранет од платформата.