Свет 09. јануари 2021. / 17:55

Твитер го цензурираше повикот за МИР на Трамп, а дозволи повик за бесење на Мајк Пенс!

Твитер го цензурираше повикот за МИР на Трамп, а дозволи повик за бесење на Мајк Пенс!

За време на настаните на „Капитол Хил“ во средата, социјалната мрежа Твитер го цензурираше повикот на Трамп на ненасилство, а истовремено дозволи да се објавуваат повици со кои се повикува на бесење на потпретседателот Пенс, пренесува Фокс Њуз.

За време на нередите пред зградата на американскиот конгрес, во кој се чекаше да се гласа за потврда на гласовите на електорите, Твитер ја отстрани опцијата за ретвит и лајк на објавата во која Доналд Трамп ги повикува демонстрантите да се повлечат и да не ги напаѓаат полициските службеници.

Од Твитер го оправдаа овој потег тврдејќи дека „пораките на Трамп повикуваат на насилство и би можеле да бидат сфатени погрешно“.

Она што е интересно, е дека истовремено на социјалната мрежа, во полето на најпопуларни твитови се нашла пораката „HANG MIKE PENCE“, што во превод е „Обесете го Мајк Пенс“, актуелниот потпретседател на државата.