Свет 02. јули 2019. / 22:55

Туск изрази задоволство од договорот за пакетот нови имиња во европските институции

Туск изрази задоволство од договорот за пакетот нови имиња во европските институции

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска изрази задоволство од договорот за пакетот нови имиња за главните позиции во европските институции и на фактот што никој не гласаше против.

Го имавме целиот пакет пред првата седница на Европскиот парламент. Пред пет години, за тоа ни беа потребни три месеци за да одлучиме и пак некои лидери беа против. Оваа година тоа траеше три дена и никој не беше против, рече Туск на прес-конференција по завршувањето на самитот кој беше посветен на распределбата на водечките должности во ЕУ.

Сите земји-членки гласаа за предложениот пакет освен Германија, бидејќи и требало договор во владејачката коалиција на ЦДУ и СПД. Туск додаде дека канцеларката Ангела Меркел “лично го поддржа целиот пакет”.

По тешки преговори меѓу лидерите на земјите-членки се согласија за пакетот нови лидери – новиот претседател на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен е од Германија, претседателот на Европскиот совет е белгискиот премиер  Шарл Мишел, претседател на Европската централна банка е Французинката  Кристин Лагард, и високиот претставник за надворешна и безбедносна политичар Шпанецот Јозеф Борел, рече Туск.

За претседател на Европскиот парламент е предложено  во првите две и пол години да биде избран лидерот на  бугарските социјалдемократи, Сергеј Станишев, а во вториот дел од мандатот , Германецот Манфред Вебер.

Избравме две жени и двајца мажи за четири клучни позиции. Совршен баланс помеѓу половите и јас сум многу среќен за тоа. Европа е конечно од женски род . Мислам дека вредеше да се чека на овој исход, рече Туск.