Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека ги уверил водачите на ЕУ оти Русија е стратешки проблем, а не стратешки партнер.
–Морав постојано, скоро секоја недела, да ги потсетувам другите дека Русија не е наш стратешки партнер, туку стратешки проблем. Јас дури бев етикетиран како мономан, бидејќи бев толку фокусиран на оваа тема – изјави Туск во говор на Универзитетот во Бриж.
Според него, целта му била да се одржи европското единство, за кое агресивната политика на Кремљ била главен предизвик.
–Бев и се уште сум убеден дека оваа игра не се однесува само на иднината на независноста на Украина и безбедноста на централна Европа, туку и суверенитетот на Европа како политички субјект. И воопшто не се сомневам дека стратешката цел на Владимир Путин не е само да ја врати контролата врз териториите на СССР, туку и систематски да ја ослабне ЕУ со создавање на внатрешни поделби – истакна Туск.
Тој додаде дека неговите напори на крајот се исплателе бидејќи единството на ЕУ се зајакнува преку санкциите кон Русија.