Свет 22. ноември 2018. / 12:30

Туск: Британија и ЕУ се согласија за текстот на договорот за брегзитот

Туск: Британија и ЕУ се согласија за текстот на договорот за брегзитот

Велика Британија и ЕУ се согласија за текстот на договорот за брегзитот „во принцип на политичко ниво“, соопшти денеска претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Лидерите на ЕУ и на Британија се согласиле за текстот во кој се обликувани нивните идни односи, „на ниво на преговарачи и се согласија во принцип на политичко ниво“, напиша Туск на Твитер.

Текстот на договорот ќе биде прифатен од ЕУ-лидерите на самит, рече Туск наведувајќи ја пораката што ја добил претходно од шефот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Текстот утрово бил споделен со другите 27 влади на Европската Унија.