Свет 06. јули 2018. / 09:53

Турските војници неутрализираа 15 терористи во Ширнак и Хаќари

Турските војници неутрализираа 15 терористи во Ширнак и Хаќари

Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека 15 терористи се неутрализирани во извршените операции во турските градови Ширнак и Хаќари, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на турското Министерство за внатрешни работи се наведува дека во операциите извршени во рамките на борбата против тероризмот се неутрализирани вкупно 15 терористи, од кои двајца во Мардин, осум во Ширнак, и осум во подрачјето на Кирикдаг кое се наоѓа во градот Хаќари.

Операциите во Мардин сè уште се во тек.