Свет 03. февруари 2020. / 11:34

Турските сили во Сирија возвратиле на нападите од сириската армија

Турските сили во Сирија возвратиле на нападите од сириската армија

Откако во сириски артилериски напад беа убиени четири и ранети деветмина турски војници во сириската провинција Идлиб, армијата на Турција одговорила со напади врз речиси 40 објекти на сириска територија.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган нагласи дека државата ќе продолжи со возвраќање на какви било напади од силите на Асад.

– Одговоривме соодветно на тие напади и ќе продолжиме… Одлучни сме да продолжиме со операциите за безбедност на нашата држава, народот и границите со Идлиб. Кој се сомнева во нашата цврста решителност, наскоро ќе разбере дека тоа му е грешка – порача Ердоган.

Според договорот од 2017 година со Русија и Иран, регионот Идлиб има 12 пунктови што се под надзор и неколку од нив се опкружени со сириската армија.

Турското Министерство за одбрана соопшти дека единиците испратени за поддршка на тие пунктови биле нападнати. Од таму велат дека нападот се случил и покрај тоа сириската страна била информирана за активностите.