Ситуацијата со мигрантите на турско-грчката граница и понатаму е алармантна поради судирот на мигрантите со полицијата недалеку од пограничното грчко село Кастанијеса, пренесува српски „Курир“.
Грчката полиција одговорила со фрлање солзавец на налетот од мигранти, кои, според некои процени, се повеќе од 20.000 на грчко-турската граница, чија должина е 200 км.
Кога турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, ги отвори границите за мигрантите, турските шверцери, поради преголемиот налет, биле принудени да ја намалат цената за префрлање на мигрантите на територијата на ЕУ, па сега наплаќаат по 15 долари од човек за префрлање преку грчката граница.
„Порано наплаќавме 200 или 300 долари од човек, но сега падна цената поради огромната навала“, вели еден шверцер.