Свет 02. јануари 2021. / 21:22

Турски лекар создаде тест за откривање на коронавирус преку урина

Турски лекар создаде тест за откривање на коронавирус преку урина

Турски лекар, специјалист за физикална терапија и рехабилитација, Мехмет Сехан Куртулмус разви сет кој го детектира коронавирусот во примерок од урина, јавува Агенцијата Анадолу (АА).

Тој рече дека на развојот на сетот работел од март годинава и дека со помош на тој тест за само 15 секунди може да се детектираат специфичните елементи на коронавирусот кој предизвикува инфекција со ковид-19.

– Тестот добил одобрение од низа локални медицински институции и е лиценциран од страна на Министерството за здравство на Турција, изјави Куртулмус.

Истакнувајќи дека се покажало како уринарниот тест е многу посигурен од другите видови кои постојат на пазарот, Куртумус рече дека научниот труд за тоа ќе биде објавен во меѓународно научно списание.

– Наша цел беше да направиме тест кој луѓето ќе можат да го користат за тестирање на коронавирус на што посигурен, побрз и побезбеден начин, рече Куртулмус и додаде дека тоа е прв уринарен тест за коронавирус.