Свет 16. ноември 2019. / 14:45

Турција со порака до САД: Го купивме С-400 за да го користиме, а не да ни стои на страна

Турција со порака до САД: Го купивме С-400 за да го користиме, а не да ни стои на страна

Шефот на турскиот Директорат за одбранбена индустрија, Исмаил Демир, порача дека Турција го купила ракетниот одбранбен систем С-400 од Русија за да го користи, а не за да и стои во хангар.

Ваквата реакција на Демир доаѓа по американските закани за воведување санкции доколку Турција го користи тој систем. Вашингтон предлага Турција да го купи американскиот систем „Патриот“.

Во интервју за Си-Ен-Ен Турк, Исмаил Демир изјави дека не е логично ниту една земја да купи ваков систем само за да го остави настрана и додаде дека Анкара и Вашингтон се фокусирани на решавање на проблемот.

– Не е вистинскиот пристап да се каже – нема да ги користиме за нивно добро, за систем што го купивме од нужда и го плативме толку скапо. Имаме сојузнички односи и со Русија и со САД. Мора да продолжимеда ги почитуваме договорите што ги потпишавме – изјави Демир.