Турското Министерство за одбрана соопшти дека Турција нема да размислува за да го искористи своето право на самоодбрана доколку повторно ндејзини војници бидат нападнати во Сирија.
– Доколку бидеме повторно нападнати ние ќе возвратиме на најсилен можен начин, врз основа на нашето право за самоодбрана – соопшти министерството.
Оттаму додаваат дека турските набљудувачки пунктови во сириската провинција Идлиб продолжуваат со исполнување на своите обврски и задачи и се способни да се одбранат со оружјето и опремата со која располагаат.
Претходно неделава, турските набљудувачки пунктови беа нападнати од сириските владини сили на претседателот Башар ал-Асад. Според Анкара, во нападите загинале седум турски војници и еден цивил, а ранети биле десетици.
Во одговор на нападите, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека турската авијација извела напади врз над 50 сириски бази, при што загинале 76 владини војници. Ова тврдење беше демантирано од руското Министерство за одбрана.
Идлиб е последниот бастион на вооружената опозиција во Сирија, која отворено е поддржана од Турција.