Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу најави дека Турција планира да врати најмалку два милиона бегалци во северна Сирија, на тероторијата каде што Анкара ја изведе воената операција „Извор на мирот“.
По разговорите со колегите од Русија и Иран, Сергеј Лавров и Мохамад Џавад Зариф, турскиот министер изјави дека целта на неговата земја е бегалците безбедно да се вратат во Сирија, во согласност со меѓународното право и во координација со агенциите на ОН.
– Мислиме дека два милиона бегалци можат да се вратат во подрачјата кои се ослободени од терористите – изјави Чавушоглу.
Турскиот министер оцени дека основањето на Сириската уставна комисија е голем и храбар чекор напред во процесот на изнаоѓање политичко решение за кризата во оваа земја.
Лавров, Чавушоглу и Зариф се сретнаа во Женева, каде што разговараа за ситуацијата во Сирија и почетокот на работата на Сириската уставна комисија, која денеска ќе ја оддржи својота прва седница.