Свет 27. јуни 2018. / 16:28

Турција ја обвини ЕУ за неправеден однос

Турција ја обвини ЕУ за неправеден однос

Турција повторно ја обвини ЕУ за неправеден однос кон земјата, се наведува во денешното соопштение на турското Министерство за надворешни работи.

– ЕУ уште еднаш демонстрира неправеден и нечесен однос кон Турција. Изјавите дека нашата земја се оддалечува од ЕУ се лицемерни и не се соодветни на ситуацијата, се додава во текстот.

Советот на ЕУ вчера констатира дека преговорите кои ги води Турција за членство стагнираат, а Анкара се повеќе се оддалечува од Унијата.

Преговорите на Турција за членство во ЕУ започнаа во 2005 година.