Свет 07. октомври 2019. / 23:00

Турција изведе воздушен напад во Сирија

Турција изведе воздушен напад во Сирија

Турската авијација извела напад на базата на курдските Сириски демократски сили во сириската провинција Хасака, соопшти телевизијата „Мајадин“.

„Турски авиони извеле напад врз штаб на курдските сили во предградието на Ел Малики во провинцијата Хасака на северот од Сирија“, јавува телевизијата.

Во соопштението се прецизира дека за сега нема податоци за жртви од нападот, пренесува „Спутник“.

Сириската државна телевизија „Ихбарија“ исто така извести за турскиот напад врз курдските сили.

Претходно Сириските демократски сили јавиле дека американските сили се повлекуваат од границата со Турција на северот од Сирија, кршејќи го договорот постигнат со курдските сојузници. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган исто така изјави дека американската војска ја напушта територијата на северот од Сирија, каде Турција планира да изведе воена операција против курдските сили.