Турските и руски сили започнаа денеска заеднички да патролираат на североистокот од Сирија, по договорот со кој се стопираше офанзината против сириските Курди, кои се повлекоа 30 километри од границата.
Заедничките патроли ќе покриваат две области, источниот и западниот дел од зоната на операција во Сирија во внатрешноста од 10 километри од границата, пишува Асошиејтед Прес.
Турското министерсто за одбрана објави денеска на Твитер дека патролирањето започнало во регионот Ал Дарбасија и дека освен турските и руски војници учествуваат и оклопни возила и дронови.
Како што е наведено, заедничките патроли се состојат од девет воени возила, вклучително руско оклопно возило за превоз на лица и ќе покриваат 110 километри.
Очевидци тврдат дека војските кои учествуваат во патролирањето немаат поставено турски и руски знамиња.