Турскиот министер за правда, Абдулхамит Гул, ги повика американските власти да го уапсат и испорачаат на Турција командантот на курдските Сириски демократски сили (СДФ), Мазлум Кобани што замина во САД.
Истовремено, Анкара упати остри критики до Вашингтон поради тоа што го третирале Кобани како легитимна политичка личност.
Зборувајќи пред новинарите, Гул истакна дека Турција бара американските власти да го приведат Кобани штом влезе во САД. Тој соопшти дека турското министерството за надворешни работи го предало барањето до САД, со кое се бара негова екстрадиција.
Американски сенатори вчера побараа од Стејт департментот брзо да обезбеди виза за генералот Кобани, со цел да ја посети САД и да разговара за ситуацијата во Сирија.
Анкара смета дека тој е терорист, поврзан со курдски екстремисти кои подготвуваат бунт во Турција.