Свет 03. август 2018. / 16:29

Турчин продал ист автомобил 80 пати

Турчин продал ист автомобил 80 пати

Турски измамник насамарил најмалку 80 луѓе, продавајќи им ист автомобил.

Истанбулските медиуми тврдат дека човек по име Емре К. лажно се претставил како продавач на автомобили што ги купувај на државна распродажба на возен парк.

Им велел на купувачите дека на аукцијата ги купил возилата за 4.200 евра, а тие се „залпувале3 на ниската цена.

По неколку испораки под цена, Емре добил нови резервации, по што немало нови испораки, а тој, наводно учител, ја напуштил куќата и побегнал со дури 8.5 милиони евра.

Полицијата на крај го уапсила и му следи долга затворска казна, но се стравува дека дел од купувачите не ја пријавиле измамата и дека веројатно борјот е поголем.