Свет 11. март 2019. / 14:01

Тунис: Поради смрт на 11 новороденчиња министер за здравство поднесе оставка

Тунис: Поради смрт на 11 новороденчиња министер за здравство поднесе оставка

Тунискиот министер за здравство, Абдерауф Шериф поднесе оставка по смртта на 11 новороденчиња од септичен шок во родилиштето во главниот град на Тунис.

Сите бебиња починале на 7 и 8 март и се уште се утврдува причината за нивната смрт. Премиерот Јусеф Шахед рекол дека е отворена истрага против јавната болница, каде починале бебињата, против фармацевтското тело и хигиенските услови.

Шериф поднесе оставка само четири месеци по стапувањето на должност. Во објавата на Фејсбук, туниската организација на педијатри напиша дека инфекцијата би можела да се случи преку инфузија.

Организацијата ги повика властите да го расчистат случајот и ги критикуваше несоодветните услови во кои работат здравствените работници. Туниското јавно здравство важи за едно од најдобрите меѓу северноафриканските држави, а медицинскиот туризам е извор на значајни приходи на земјите.

Но, откако во 2011 година со ревоулицјата беше симнат од власт претседателот Зин Ел-Абедин Бен Али, нарушен е системот со финансиски и потешкотии во управувањето, а недостиг од лекови стана честа појава.