Свет 30. октомври 2019. / 11:51

Тројца мртви и деветмина повредени во пукање за Ноќта на вештерките во САД

Тројца мртви и деветмина повредени во пукање за Ноќта на вештерките во САД

Три лица се убиени, а деветмина се повредени во пукотница што се случи на забава за Ноќта на вештерките во куќа на Лонг бич во Лос Анџелес.

Полицијата соопшти дека две лица со качулки пукале кон присутните на забавата, а според кажувањата на соседите се слушнале до 20 истрели.


Осомничените сè уште не се уапсени.

Противпожарната единица  на Лонг бич соопшти дека биле повикани да интервенираат околу 22:44 часот и оти пожарникарите пронашле „хаотична сцена“.