Свет 21. јули 2019. / 11:55

Три пожари беснеат низ Португалија, вклучени над 1000 пожарникари

Три пожари беснеат низ Португалија, вклучени над 1000 пожарникари

Повеќе од илјада пожарникари учествуваат во гаснење на три големи пожари во централниот дел на Португалија, а властите наложија делумна евакуација на едно село од безбедносни причини.

Едно лице се здобило со тешки изгореници од прв и втор степен и со хеликоптер веднаш е префрлен в болница во Лисабон. Исто така, повредени се и седум пожарникари.

Гаснењето на огнот го отежнува силниот ветер кој од вчера попладне дува во Кастело Бранко, дистрикт кој е 225 километри оддалечен од Лисабон. Во гаснењето на пожарот на некои локации учествува и војската.

Португалскиот претседател Марсел Ребело де Соуза изјави дека внимателно ја следи ситуацијата. Во јуни 2017 година во катастрофален пожар во Португалија загинаа 64 луѓе, а беа повредени над 250 лица.