Свет 13. април 2018. / 10:47

Три несреќи за три дена: Падна уште еден руски воен хеликоптер

Три несреќи за три дена: Падна уште еден руски воен хеликоптер

Регистрирана е нова несреќа на руските воздухопловни сили. Како што пренесоа руските медиуми, транспортно-борбен хеликоптер „ка-29“ синоќа паднал во Балтичкото Море за време на ноќен лет. При инцидентот загинале двајца членови на екипажот.

Според претставниците на Балтичката флота, несреќата се случила минатата ноќ и тоа при поволни временски услови. Во тек е пребарување на областа во која паднал хеликоптерот.

Колку за потсетување, борбен авион за обука на пилоти се урна вчера во регионот Вороњеж, при што никој не беше повреден бидејќи екипажот се катапултирал. За време на падот, околу 9.40 по локално време, во авионот биле инструктор и пилот од академијата.

Пред два дена, падна и руски хеликоптер „ми-8“, а во тој инцидент загинаа шест лица. Хеликоптерот падна во Хабаровск, на крајниот исток од Русија. При падот, избил пожар во леталото.Рускиот истражен комитет соопшти дека хеликоптерот вршел пробен лет. Во врска со овој случај започна истрага, а официјални лица изјавија дека постојат три верзии за несреќата – временски услови, технички дефект или пилотска грешка.