Свет 01. јули 2018. / 21:57

Три лица загинаа во поплава во Романија – една од жртвите однесени со надојдената вода (ВИДЕО)

Три лица загинаа во поплава во Романија – една од жртвите однесени со надојдената вода (ВИДЕО)

Најмалку три лица загинаа, а стотици беа евакуирани поради поплавите што ја погодија Романија, изјавија официјални лица.

Романското Министерство за внатрешни работи соопшти дека 760 лица се евакуирани од поплавените области и дека за оваа намена се ангажирани околу 20.000 спасувачи.

Еден човек се удавил додека на коњ преминувал надојдена река. Загинала и седумдесетгодишна жена, која била однесена од надојдената вода, како и уште еден маж кој настрадал додека берел зеленчук.

Пет државни патишта се поплавени, а железничкиот сообраќај во централниот дел на Романија е прекинат.

Биле забележани и неколку прекини во снабдувањето со електрична енергија, а официјалните лица ја следат ситуацијата на две реки со високи нивоа на водата, во централниот дел на земјата.