Полицијата го пронајде 3-годишното девојче кое исчезна во неделата вечерта од семејниот дом во Велика Британија, кај роднини на семејството.
Great news: the missing three-year-old girl from #Northallerton has been found safe & well at a relative’s house. Thanks to the thousands of you who shared our appeal to find her.
— North Yorkshire Police (@NYorksPolice) September 10, 2018
Родителите на тригодишното девојче соопштија дека во неделата вечерта го ставиле девојчето во својата соба да спие, но, во понеделникот наутро, нејзиното креветче било празно. Родителите веднаш ја информирале полицијата, а околу 7:30 часот полицијата објавила апел до граѓаните доколку го видат девојчето или пак имаат било каква друга информација поврзана со девојчето веднаш да пријават во полиција.
По половина час потрага, полицијата објави дека девојчето е пронајдено и е во добра состојба, како и дека се наоѓала дом на нејзини роднини кои живеат во близина.
Околностите околу тоа како тригодишното девојче пристигнало во текот на ноќта во куќата на нејзините роднини и зошто тие не ги информирале нејзините родители сеуште не се разјаснети.
„Им благодариме на илјадниците луѓе кои ја споделија информацијата на социјалните мрежи и пошироко и помогнаа во потрагата”, објави полицијата на социјалната мрежа „Твитер“.