Свет 16. јули 2018. / 14:21

Тргнале на свадба, па настрадале – 15 загинати кога камион удрил во автобус полн сватови (ФОТО)

Тргнале на свадба, па настрадале – 15 загинати кога камион удрил во автобус полн сватови (ФОТО)

Пакистанската полиција соопштила дека камион со приколка удрил во автобус со сватови паркиран долж прометниот автопат во близина на градот Хидербад на југот од земјата, при што настрадале најмалку 15 лица.

Се наведува дека несреќата се случила пред зори во градот Матиарај во јужната покраина Синд.

Надлежните од локалната поливија изјавиле дека 17 лица се повредени во судирот и дека некои од нив се во критична состојба.

Навеено е дека несреќата најверојатно ја предизвикало невниманието на возачот на камионот.