Актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, во текот на последните месеци значително ја намали разликата во популарноста во однос на демократскиот ривал Џозеф Бајден. Ова го покажуваат резултатите од социолошкото истражување спроведено од 12 до 15 август од SSRS, а нарачано од CNN, јавува ТАСС.
На прашањето кого би поддржале на претседателските избори, 50 отсто од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за Бајден и сенаторката Камала Харис, а 46 отсто изјавиле дека ќе го поддржат Трамп и актуелниот потпретседател Мајкл Пенс. Околу 1 процент од анкетираните изјавиле дека ќе гласаат за друг кандидат, а 2 отсто признале дека нема да поддржат никого.
Според резултатите од анкетата, спроведена од 2 до 5 јуни, 55% од анкетираните изразиле подготвеност да гласаат за Бајден, а 41% за Трамп.
Како што забележува CNN, според најновите податоци, во 15 американски држави, кои се најважни за резултатите на изборите, рејтингот на Бајден е просечно 49, а на Трамп 48 отсто.