Прикривањето на убиството на саудискиот новинар, Џамал Кашоги, од страна на Саудиска Арабија е најлошо прикривање од кога било, порача американскиот претседател, Доналд Трамп. Тој нагласи дека кој и да го организирал убиството, треба да се најде во голема неволја.
Државниот секретар, Мајк Помпео, изјави дека САД ќе ги казнат одговорните и дека ги укинуваат визите за 21 лице осомничени за злосторството. САД се соочуваат со силни притисоци поради нивниот клучен сојузник Саудиска Арабија.
Тие имаат многу лош оригинален концепт, кој беше изведен многу лошо и прикривањето беше најлошо во историјата“, рече Трамп, кој порача дека кој и да го смислил убиството, е во голема неволја.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера соопшти дека турските власти имаат силни докази дека убиството на саудискиот новинар било планирано со денови. Тој предложи на 18-те лица вмешани во убиството да им се суди во Турција бидејќи, како што рече, злосторството било извршено на турска територија.
Делови од телото на Кашоги беа најдени во бунар во градината на резиденцијата на Саудиска Арабија во Истанбул.