Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини мигрантите во Европа за зголемување на криминалот во Германија и порача дека САД не сакаат да им се случи истото што се случува на стариот континент со имигрантите.
-Народот во Германија се врти против своето раководство додека прашањето за миграциите ја разнишува и онака веќе слабата коалиција во Берлин. Криминалот во Германија е во пораст. Голема грешка е направена ширум Европа што се дозволи милиони луѓе насилно да ја менуваат нејзината култура.-наведе Трамп на Твитер.