Свет 08. февруари 2019. / 10:15

Трамп воведе забрана за патување во САД за членовите на Собранието на Венецуела

Трамп воведе забрана за патување во САД за членовите на Собранието на Венецуела

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за членовите на конститутивното Собрание на Венецуела, кое го контролира претседателот Николас Мадуро воведе забрана за патување во САД.

Специјалниот пратеник на Вашингтон за Венецуела, Елиот Абрамс изјавил дека времето за дијалог со Мадуро „одамна минало“ и дека сега останува само да се преговара за неговото заминување, како и да се засили  поддршката на САД за опозицискиот лидер Хуан Гуаидо.

Првиот човек на парламентот на Венецуела Гуаидо  минатиот месец се самопрогласи за претседател на Венецуела, по што доби брзо признавање од САД и од низа на други држави.