Свет 16. март 2020. / 23:39

Трамп воведе нови мерки против ширењето на вирусот

Трамп воведе нови мерки против ширењето на вирусот

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе нова група мерки како би се спречило ширењето на корона вирусот, меѓу кои и избегнување на собир на групи поголеми од 10 лица и избегнување на посетата на ресторани, барови и трговски центри.

– Доколку се чувствувате болни, останете дома, не одите на училиште. Доколку се вашите деца болни, не ги испраќајте во училиште, една е од новите мерки кои ги воведе Белата куќа.

Трамп ги советуваше американските граѓаните доколку некој од нивното семејство заболел од корона вирус, сите членови на семејствотвото да останат дома.

И постатите лица, се додава, би требало да останат во домовите и да избегнуваат контакт со луѓе.  Истата препорака важи и за луѓето кои имаат здравствени проблеми.

На американските ученици од училиштата и факултетите им се препорачува, кога и да се во можност, да работат од дома. Граѓаните се советуваат да ги одбегнуваат рестораните и баровите, а во замена да ги користат услугите за достава на храна или рестораните кои се „на поминување“.

Американците се советуваат и да водат повеќе сметка за личната хигиена и да избегнуваат да ги посетуваат здравствените установи доколку немаат итна потреба.