Американскиот претседател, Доналд Трамп, порача дека американската војска после седум години се враќа дома од Сирија каде што требаше да остане само три месеца.
-Кога бев избран за претседател Исламската држава дивееше. Сега ИД е воглавно поразена и другите земји од окружувањето, вклучувајќи ја и Турција, би требало да можат лесно да се погрижат за тоа што преостана. Се враќаме дома, напиша Трамп на Твитер.
Тој додава дека Белата куќа напорно работи и дека вестите за блокада во администрацијата и за Сирија се воглавно лажни.
-Преговараме со демократите за очајно потребната погранична безбедност (банди, дрога, криумчарење луѓе и друго), но тоа би можело да потрае, наведе Трамп.