Почнаа да пристигнуваат и првите резултати од претседателските избори во САД, каде се натпреваруваат републиканецот Доналд Трамп и демократот Џо Бајден.
Според првите резултати може да се увериме дека Доналд Трамп е во водство во 4 држави: Кентаки, Њу Хемпшир, Западна Вирџинија и Индијана. За разлика од него кандидатот на Демократите, Џо Бајден, води во Вермонт, Вирџинија и Охајо. Сѐ уште е неизвесно во Флорида и Џорџија.
Полека стигнуваат резултатите и од другите сојузни држави. Она што ни е кристално јасно е дека ова се едни од најнеизвесните избори до сега.