Свет 12. ноември 2020. / 14:22

Трамп во судир со Пентагон: Дали САД ќе ја повлече војската од Авганистан?

Трамп во судир со Пентагон: Дали САД ќе ја повлече војската од Авганистан?

Секој потег на Трамп кој би можел да го забрза повлекувањето на војниците од другите земји би му отворило конфликт со генералите на највисоките позиции во Пентагонот.

Високи функционери во САД известуваат дека Доналд Трамп, во понеделникот го отпуштил Секретарот за Одбрана Марк Еспер, делумно поради одлуката на претседателот за што побрзо повлекување на американските војници од другите држави, со нагласок на Авганистан. Тензиите помеѓу Трамп и Пентагон се во постојан пораст, особено по последните отпуштања на високи функционери и поставувањето на тн. „Трампови лојалисти“ на истите позиции. Последна промена во високите рангови на Пентагон е поставувањето на Даглас Макгрегор за постар советник на новиот Секретар за Одбрана Крис Милер. Макгрегор важи за еден од најголемите критичари и противници на војната и военото присуство на САД во Авганистан.

Пентагонот започна со потези за намалување на бројот на трупите во Авганистан и овој месец тој број требаше да се спушти на 4,500. Советникот за национална безбедност Роберт О’Брајан вели дека бројот треба да опадне на 2,500 до Јануари пред да се стигне до последната фаза во Мај кога САД официјално мора целосно да го напушти Авганистан, додека Трамп е дециден дека САД мора целосно да ги повлече своите трупи пред овој Божиќ.

Високите функционери на Пентагон се загрижени и за други работи. Тие се загрижени за можноста на Претседателот да се закани со распоредување на армијата на улиците со цел да спречи нереди доколку тој испадне победникот на овие избори или пак да помогне да се спречи предавање на претседателската функција.