Дводневната посета на претседателот на САД, Доналд Трамп на Индија им послужи на граѓаните на САД уште еднаш да го покажат своето незнање, бидејќи во текот на вчерашниот ден највеќе „гуглале“ – „Каде е Индија“, но и многу пострашно, „Што е Индија?“.
„Гоогле трендс“ покажува дека во изминатите два дена значително се зголемило пребарувањето на поимите „Каде е Индија“, и тоа од САД.
Најмногу непознавачи очигледно дека живејат во Њу Џерси.
Меѓутоа, тоа што најмногу изненадува е податокот дека најмногу се пребарувало „Што е Индија?“.
Најмногу пребарувања исто така се забележани во Њу Џерси.
Корисниците на друштвените мрежи останале шокирани…
– Дали сте реални? Што е Индија? Не, со вас дефинитивно нешто не е во ред, еден е од многубројните коментари на социјалните мрежи.
Ова не е прв пат Американците да го покажат своето незнаење. Имено, само неколку денови откако Трамп нареди убиство на иранскиот генерал Касим Сулејмани, што доведе до сериозно загрозување на односите меѓу двете земји, спроведена е анкета каде граѓаните беа прашувани каде на мапата се наоѓа Иран, а резултатите беа разочарувачки.