Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска го смени мислењето и рече дека ќе се тестира на корона вирус бидејќи неодамна стоел покрај официјален службеник од Бразил за кој подоцна било утврдено дека е позитивен на корона вирусот.
Трамп е фотографиран во неговиот приватен клуб на Флорида како стои покрај Фабиј Вајнгарден, советник за медиуми на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кога минатата сабота беа во посета, пренесува Ројтерс.
Вајнтгарден подоцна е тестиран и бил позитивен на вирусот.
Трамп на конференцијата за медиуми, за време на прогласувањето на вонредна состојба во земјата, прашан за контрадикторните совети кон граѓаните одговори дека не кажал дека тоа нема да го направи.
-Веројатно ќе го направам, наведе Трамп и додаде дека наскоро ќе се тестира.