Поранешниот претседател на Соединетите Држави, Доналд Трамп, рече дека не е заинтересиран за основање нова политичка партија.
Говорејќи пред присутните на годишниот собир на конзервативна политичка акција, со ова, тој ги негираше тврдењата дека пред крајот на неговиот мандат тој дискутирал околу формирање нова политичка партија откако ќе ја напушти Белата куќа.
– Ние ја имаме Републиканската партија. Таа ќе не обедини и ќе биде посилна од кога било досега, рече поранешниот шеф на државата и додаде: Ќе се борам веднаш покрај тебе.
Тој истакна дека има огромна поддршка од Републиканската партија.