Свет 12. мај 2019. / 18:17

Трамп утре ќе го пречека Орбан во Белата куќа

Трамп утре ќе го пречека Орбан во Белата куќа

Унгарскиот премиер Виктор Орбан утре ќе има прием во Белата куќа и средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Оваа посета е историски важна за цела Југоисточна Европа.

Оваа година, Орбан е единствениот премиер од Југоисточна Европа што ќе има прием во Белата куќа.

– Претседателот Доналд Трамп ќе го пречека унгарскиот премиер Виктор Орбан во Белата куќа на 13 мај 2019 година. Препознавајќи ги долготрајните врски меѓу САД и Унгарија, претседателот и премиерот ќе разговараат за начините за продлабочување на соработката на голем број прашања, вклучувајќи трговија, енергија и сајбер-безбедност. Како лидери на сојузниците на НАТО, тие исто така ќе ги истражат можностите за исполнување на многуте национални безбедносни одговорности на двете земји и ќе ја прослават 20-годишнината на Унгарија како членка на НАТО. – информираат од Белата куќа.