Свет 07. декември 2019. / 22:15

Трамп бара од Светска банка веќе да не и дава кредити на Кина

Трамп бара од Светска банка веќе да не и дава кредити на Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп во повеќе пораки на Твитер ја повика Светска банка да не и дава повеќе кредити на Кина.

– Зошто Светска банка и дава пари на заем на Кина? Како е тоа можно? Кина има многу пари, а и кога ги нема ги прави. Стоп – напиша Трамп, додавајќи дека кредитите на Светска банка ќе бидат намалени како што е договорено со американските акционери.


Администрацијата на САД смеа дека Кина како втора економска сила во светот е доволно богата да се финансира сама и не и се потребни кредити од Светска банка.

Кина и САД се во трговска војна веќе една и пол година. Засега се уште не се знае кога ќе биде постигнат трговски договор. Билатералните односи се дополнително влошени бидејќи американскиот Конгрес наводно ја осудил кинеската политика во Хонгконг и кон Ујгурите, муслиманско малцинство во северозападниот дел на Кина.