Свет 10. јануари 2020. / 23:40

Трамп: Сулејмани планираше да ја разнесе Амбасадата на САД во Багдад

Трамп: Сулејмани планираше да ја разнесе Амбасадата на САД во Багдад

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека САД го убиле иранскиот генерал Касим Сулејмани затоа што сакал да ја разнесе Амбасадата на САД во Багдад и дека ликвидацијата е дел од неговата предизборна кампања.

– Ние зграпчивме тотално чудовиште… а тоа требаше да се случи одамна. Го направивме тоа бидејќи сакаше да ја разнесе нашата Амбасада – изјави Трамп на предизборниот собир во Толедо.

Тој исто така додаде дека САД извеле смртоносен напад со дрон над Сулејмани затоа што учествувал во организирање на проиранскиот напад на американска воена база во Ирак во декември минатата година.