Свет 24. декември 2020. / 10:02

Трамп стави вето на буџетот на Министерството за одбрана

Трамп стави вето на буџетот на Министерството за одбрана

Американскиот претседател Доналд Трамп стави вето на законот за буџет на Министерството за одбрана на таа земја од 740 милијарди долари, и покрај силната поддршка што законот ја има во Конгресот.

Ветото отвора можност законот да не биде изгласан во Конгресот по 60 години.

„За жал, овој предлог-закон за воен буџет не опфаќа значајни безбедносни мерки, како и средства за нашите воени ветерани и нашата воена историја и е во спротивност со напорите на мојата администрација да ја стави Америка на прво место, во фокус на системот за национална безбедност и нашите активности во странство. Ова е подарок за Русија и Кина“, напиша Трамп во пораката до американските конгресмени, без да дава повеќе детали“, пренесува Си-ен-би-си.

Сега, Конгресот мора повторно да гласа за да се поништи ветото на Трамп.

Пратениците во Претставничкиот дом се на одмор до понеделник, а лидерот на мнозинството во Сенатот, републиканецот Мич Меконел, најави дека сенаторите ќе гласаат следниот вторник со цел да се поништи ветото на претседателот.