Претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ се сретна со американскиот претседател, Доналд Трамп.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за промената на односите на актуелната администрација во Вашингтон со Србија и разбирањето на ставот на земјата за прашањето со Косово. Првиот човек на САД, пак според српските медиуми на тоа одговорил дека Србите се добри луѓе.
Во понеделникот вечерта, Брнабиќ присуствуваше на традиционалниот прием што претседателот на САД го организираше во пресрет на почетокот на генералната дебата во Генералното собрание на Обединетите Нации, додека пак утре таа ќе има и свое обраќање пред претставниците на земјите-членки.