Свет 02. август 2019. / 10:25

Трамп со закана до Европа: Ќе ви пуштиме неколку илјади терористи од ИД

Трамп со закана до Европа: Ќе ви пуштиме неколку илјади терористи од ИД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД може да ги ослободат задржаните од нив терористи од ИД во Европа.

Тоа според него, може да се случи ако државите од стариот континет не сакаат да ги прифатат назад.

Држиме неколку илјади терористи од ИД и сакаме Европа да си ги земе. Ако не си ги земат, ние најверојатно ќе бидеме принудени да ги пуштиме во Европа, изјави Трамп.